Број на текстови објавени денес: 124
Спорт

Нејмар уверен дека ќе се врати во Барселона, ги известил и роднините

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар не се сомнева дека ќе се врати во Барселона за време на летниот трансфер прозорец, објави „РМЦ“.

Според извори, Бразилецот веќе ги известил своите роднини за престојниот трансфер во шпанскиот тим.

Нејмар не сака јавно да го критикува раководството на ПСЖ и се надева дека клубовите наскоро ќе преговараат.

Денес стана јасно дека играчите на Барса, вклучувајќи го и Лионел Меси, ја поддржал идејата за враќање на 27-годишниот напаѓач.

Нејмар премина во ПСЖ летото 2017 година од Барселона за 222 милиони евра. Неговиот договор со францускиот шампион е до 30 јуни 2022 година.

Минатата сезона тој постигна 23 и асистираше за 13 гола во 28 натпревари.

ФОТО: EPA / YOAN VALAT

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

МЗТ Скопје победи во дербито против Работнички

saso user

Буфон – трагичарот на ПСЖ

saso user

Де Бруин закрепна од повредата на колкот, се враќа во игра

saso user