Број на текстови објавени денес: 121
Спорт

Ливерпул нуди 74 милиони евра за Асенсио

Европскиот клубски шампион Ливерпул е подготвен да понуди 74 милиони евра за шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио, кој го носи дресот на Реал Мадрид.

Минатата сезона, 23-годишниот офанзивен фудбалер зеде учество во 43 натпревари со тимот на „белиот балет“, а неговиот договор со клубот беше до летото 2023 година.

Пред неколку недели, шпанските медиуми објавија дека Реал е подготвен да го замени Асенсио за Садио Мане, кој во 2016 година премина кај „црвените“ од Саутемптон.

Договорот на Сенегалецот со тимот од Мерсисајд е до 30 јуни 2021 година.

Но, таков договор за размена веројатно нема да биде доволен, откако Реал сака за Асенсио најмалку 95 милиони евра.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Уапсен скијач додека се допингува ВИДЕО

saso user

Скандалите продолжуваат: Барселона отпуштила тренери преку „ВатсАп“

saso user

Зидан: Бејл е многу близу до заминување!

saso user