Број на текстови објавени денес: 124
Свет

Исламска држава: Еј, Ердогане, немој да мислиш дека калифатските војници се далеку од тебе

Терористичката организација Исламска држава му се закани на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, преку видео снимка објавена синоќа.

– Еј, Ердогане, арогантен тиранин на Турција, немој да мислиш дека мечевите на калифатските војници се далеку од тебе – вели војник на ИД на турски јазик, во придружба на двајца мажи кои држат автоматски пушки.

Со прекриени лица милитантите му се заколнуваат на верност на лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади во видеото на кое се прикажани знамето на џихадистите и ракетен фрлач во позадина.

– Знај дека стоењето редум со крстоносците нема да ти помогне против војниците на калифатот – му порачуваат милитантите на Ердоган.

Видеото е објавено помалку од три месеца откако ал-Багдади се појави во видео држејќи во рацете мапа со натпис „Вилает Турција“ (покраина Турција на арапски). Мапата во тоа време означуваше дека се очекува Исламска држава да изведе напади и да ги прошири своите операции во Турција.

Последниот голем напад на Исламска држава во Турција беше во 2017 година, на Нова година, во ноќен клуб во Истанбул, кога беа убиени 39 луѓе.

Турските власти, пак, во рација против џихадистите во јуни годинава уапсија 20 милитанти кои наводно планирале терористички напади.

„Исламската држава ќе продолжи да се бори сѐ додека верата на Алах не завладее со светот“, завршува мажот во видеото во кое ги омаловажува американските операции против оваа екстремистичка мрежа во Сирија и во Ирак.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нови антивладини протести во Подгорица

saso user

„Американ ерлајнс“ го продолжува откажувањето на летови со „Боинг 737 Макс“

saso user

НВО: Во Северна Кореја на 318 локации се вршеле јавни егзекуции

saso user