Балкан

За само 20 минути опустошен Халкидики (ФОТО)

Шест лица загинаа, едно е исчезнато, а повредени се повеќе од 100 луѓе, меѓу кои и деца, кои се хоспитализирани во болниците низ Касандра, Ситонија и во Солун, по синоќешното невреме кое за само 20ина минути го опустоши Халкидики.

Силниот ветер и олујата предизвикале хаос на овој грчки полуостров – откорнати дрвја, превртени приколки и однесени шатори, испревртени и уништени лежалки и сонцобрани, паднати покриви и оштетени хотели, ресторани, куќи… И дел од патиштата на Халкидики се оштетени, а прекинато е и снабдувањето со струја.

Како што соопштија утринава од МНР, меѓу повредените во невремето во Грција нема македонски државјани.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Препирка меѓу Ципрас и Мицотакис: Дали новите мерки се предизборни „подароци“?

saso user

Претепано дете поради поделба на имот по смрт на член на семејството

saso user

Хрват убил 23-годишен турист од Германија

saso user