Број на текстови објавени денес: 121
Македонија Топ вести

Заев: Разговорот со пранкерите е приватна работа, а не акт на Руската Федерација

Премиерот Зоран Заев разговарал со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, а денеска по отворањето на 31. бензинска станица на Лукоил во државата, ќе има и состанок со него.

Kако што посочи, средбата била закажана уште пред десеттина дена и не е поврзана со неговиот телефонски разговор со руските пранкери, кои му се претставија како Петро Порошенко и Јенс Столтенберг.

– Ние имаме редовна комуникација со сите амбасадори. Оваа средба е закажана уште пред десеттина дена. Сметам дека овие пранкови или фејк перформанси претставуваат приватни работи, не се акт од Руската Федерација и не смеат ваквите работи да се испречат пред нашите пријателски односи. Соработката со Руската Федерација е една од нашите цели, зајакнување на таа соработка на економски и на секаков план, нагласи Заев, во врска со тоа дали досега разговарал со Баздникин за телефонските разговори со лажните Порошенко и Столтенберг, во кои меѓу другото кажал дека српскиот претседател Александар Вучиќ е под влијание на Русија.

Заев нагласи дека тој се залага за пријателство и унапредување на регионалната соработка и оти во разговорите со руските пранкери тоа било потврдено.

Напомена дека се залага за решавање на косовското прашање по примерот на Преспанскиот договор и оти посакува просперитет на Албанците и на сите граѓани кои живеат на Косово.

Истакна дека познато во јавноста е дека Русија не сака Северна Македонија да биде членка на НАТО, но не поради самите нас, туку поради тоа што против проширувањето на Алијансата.

-Ние сме мала земја сакаме да бидеме пријатели со сите и да го задржиме пријателството дури и со оние кои се против проширувањето на НАТО. Нашата намера не е непријателство кон Руската Федерација со тоа што ќе станеме членка на НАТО, напротив верувам дека со тоа само ќе го задржиме мирот во Северна Македонија и во целиот регион, додаде Заев.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бектеши: Ахмети ќе одлучи, не ми е важно дали ќе ме сменат или не

saso user

Самоповредувањето не е масовна појава, учениците да се информираат за ризиците од учество во вакви игри

saso user

Митра од Рајчица тијара на папата Франциск

saso user