Бизнис

Власта го спрема тендерот за енергетскиот проект „Чебрен“

Промена на концептот на досегашните неуспешни тендери за енергетскиот проект „Чебрене“ и тендерска документација до крај на октомври годинава, најави синоќа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за МТВ.

– Концептот на деветте неуспешни тендери досега ќе го измениме. Повторно ќе го работиме со  IFC од Светска банка, но ќе направиме измени коишто ќе бидат во насока и на заштита на домашниот интерес и да биде атрактивен за инвеститорите. Тендерската документација ќе биде готова до крај на октомври, ќе биде слична на досегашната, но многу поатрактивна за инвеститорите – наведе Анѓушев.

Проектот „Чебрен“, со овој тендер што ќе биде прв на оваа Влада, како што истакна, без оглед на претходните девет или десет неуспешни, ќе биде успешен.

– Се менува малку концептот и тендерските услови за да станат поатрактивни и пазарно ориентирани бидејќи во меѓувреме се промени и пазарот на електрична енергија – укажа вицепремиерот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Новите инвестиции во охридскиот регион не се од туризмот, туку од автомобилската индустрија

saso user

Наскоро три отсто данок на добивка за информатичките компании

saso user

Сахарскиот бран нема да ги спушти скелињата, градежниците ќе горат до портокалова фаза

saso user