Број на текстови објавени денес: 124
Македонија

Ако има повредени македонски државјани во Грција, јавете се на овој број

Министерството за надворешни работи објави дежурен телефонски број на кој македонските државјани ќе можат да се јават доколку евентуално се повредени во невремето што го зафати синоќа полуостровот Халкидики во Грција.

Дежурниот број од Генералниот конзулат во Солун е 00306987200410.

Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.

Генералниот конзулат на Северна Македонија е во постојан контакт со надлежните служби.

Во невремето што го погоди Халкидики, една најпосетуваните летни дестинации на македонските туристи, животот го загубија најмалку седум лица, меѓу кои и две деца, а десетици се повредени.

ФОТО: EPA / VERVERIDIS VASSILIS

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ОПШТИНА РЕСЕН НАБАВИ НОВА ОПРЕМА ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ ВО РЕСЕН

saso user

Украина ќе ги укинe визите за Северна Македонија

saso user

Вработување на младите лекари и зголемување на платите во јавно здравство

saso user