Број на текстови објавени денес: 24
Сцена

Почина комичарот Рип Торн

Глумецот и комичар Рип Торн, ѕвездата од филмот „Луѓе во црно“, почина вчера на 88-годишна возраст. Тој во тие мигови бил во својот дом во Лејквил, Конектикат, САД, заедно со сопругата Ејми Рајт и своите ќерки Кејти Торн и Анџелика Пејџ, изјави неговиот гласноговорник.

Торн е познат по својот рапав глас, кој и ги направи неговите улоги така препознатливи. Во неговата 65-годишна кариера, можеби најголемиот успех му беше учеството во хумористичната серија на ХБО – „Шоуто на Лери Сандерс”. За неа доби шест номинации за наградата „Еми”, која 1996 година и ја освои.

Глумецот беше номиниран и за „Оскар” за најдобра споредна машка улога во филмот „Cross Creek“ од 1983 година.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Зошто туристите „полудеа“ по Чернобил, местото на смртта и страдањето? ФОТО

saso user

Тони Зен се ожени и има син ФОТО

saso user

Шабан Шаулиќ ќе биде погребан покрај познатиот покоен српски актер

saso user