Број на текстови објавени денес: 121
Досие Топ вести

Нелојалната конкуренција и во новинарството созадава Хибрид од лажни вести, кој штетат на државата.

Безидејноста и трката да се спаси сопствениот задник на челните фигури на ВМРО ДПМНЕ, под диригентска палка на осудениот криминалец-азилант Никола Груевски, делувајќи преку нивните продолжени раца во „новинарската фела“, го допреа дното. Аналфа бетите, остатоците на Мартин Протугер во ВМРО ДПМНЕ, претходно цели 12 години го труеја македонскиот народ со лажни вести, се накотија дрва од новинари. Пласирање на секојдневни лажни вести, ги има премногу, од име, фингирани вести за министри, фингирани вести како тоа основците ќе имале задолжително учење на албански јазик итн, наводни атомски бомби во криволак и кој све не глупости, а со една единствена цел, да се дискредитира комплетно владата, а и да се створи паника во јавноста, се само дел од експреската новинарска групировка на централата на ВМРО ДПМНЕ!

Се сеќаваме сите на фамозните лажни вести за оние квази „Уставо бранители“, за оние ликови од црниот 27-ми април, за наводна федерализација, кантонизација и кој све не глупости на Агитропот на ВМРО ДПМНЕ ?! Кога е во интерес задникот на првенците на ВМРО ДПМНЕ, „Уставо бранителите“ ги пуштија низ вода на неколку столетна робија,заедничка, додека мозоците на крвавиот четврток, ја здувнаа од РСМ, а поголем дел од нив кој останаа тука, онака, како заштитени сведоци ги продолжија своите бизниси и воопшто не ги боли, за оние кои ги навлекоа, за оние кој ќе ја „бранеле“ Макеоднија до гроб!! Организаторот ужива во својот елитен апартман во Будимпешта, се восхитува на убавините на Дунав и на Порно индустријата на Маџарска, а попатно им лечи Синуси на своите пулени од РСМ!Таа е вистината..

Мисцкоски и неговото опкружување, не се ништо друго одсвем продолжена рака на криминалецот во егзил Никола Груевски,тоа се неговите теледиригирани  мажуретки ,сместени во Белата палата, она изградена со пари на граѓаните на РСМ, во која палата Мицковски сеуште го чува огромниот портрет на Мама Нада!! Токму од таму доаѓаат сите оние лиферувани лажни вести, од сите оние карикатури од „новинари“ на промашената пропаганда на ВМРО ДПМНЕ…

Дечките од белата палата ,никако да осознаат дека таквата војна на лажни вести од поодамна е веќе Де Жаву, време е да ја променат заостаната матрица, време е да ја напуштат Северно Корејската матрица на информирање,зошто според тоа како размислуваат од белата палата на ВМРО ДПМНЕ, нема да биде воопшто чудно ,некој ден нивната пропагандна мажинерија да обзнани дека Мицкоски за прв пат во историјата на човечанството , остварил средба со претседателот на планетата Плутон, до таа мера забегале дечкиве??

Од друга страм, и СДСМ ќе мора да ги поскрати набилданите крила на птичките кој никако не можат да полетаат, оние со нивните Нуклеарни, Мега нуклеарни и други глупави бомби! И, тие исто како и оние од агитропот на ВМРО ДПМЕНЕ, прават ненадомеслива штета, со пласирање на Лажни вести, хвалоспеви и останати рекетраски гурабии.!! Ред мора да има во секоја професија, па и во новинарската. Нека се донесе Закон, со кој и електронски информативните портали ќе бидат означени како медиуми, но при тоа, да се знаат условите, дека медиум мора да поседува сопствен деловен простор или изнајмен, да има регулатива, колку минимум лица треба да има вработено електронскиот медиум, задолжителен Импресум, а не на овој начин, електронските информативни портали, од една страна не се медиуми според некој си Закон, а од друга страна за граѓанска одговорност истите се активно легитимирани пред судските власти? Ни риба, а ниту девојка, не може да има Законска судска регулатива, или поточно не се знае воопшто која законска регулатива е на важност, што значи правно безаконие??!!

Дечки, не е потребен политички концензус, да се регулира информативната материја, зошто рибата на овие ниту риби, а ниту девојки, од главата смрде!! Олку многу глупаци да виреат на олку мал простор, секако дека е за во Рипли…Нелојалната конкуренција и во новинарството созадава Хибрид од лажни вести, кој тешко ќе може да го елиминирате, доколку час поскоро не ја регулирате законски и оваа материја.

Сашо Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Претседателот на СДСМ Заев и претседателскиот кандидат Пендаровски од Прилеп: Ќе има ред и поредок, изборите да бидат успешни, имаме заедничка должност да ја обезбедиме државата да оди Напред

saso user

КОРУПЦИЈА ВО МЕДИУМИТЕ ВО СВЕТОТ (2) Новинарство на кафеави пликови

ohrid_user

Митинг во живо од Охрид

saso user