Македонија Топ вести

Нема вина на Заев за фамозните разговори, вината е во поединци од кабинет и во УБК

Откако на интернет се појави аудио снимка од разговори на премиерот Зоран Заев со руски комичари, што предизвика лавина од новинарски реакции во РСМ. Ваквите местенки не се нешто новина ниту претставуваат некоја си сензационална вест!!

Редакцијата ОхридСкај, нема да ги објави разговорите кои се објавени на каналот Youtube. Реадкцијата има став дека премиерот Заев нема вина, вината може исклучиво да се лоцира кај пиар службата, како и кај УБК, со оглед на фактот, дека кабинетот постапува по спој на телефонска врска со државници, по одреден безбедносен протокол, кој е пропишан со посебен акт, и се работи за крипто заштита на разговори на државник, уредени со посебен Акт.

Кој дозволил од кабинетот да дозволи премиерот да добие линија од лажни државници,  нека одговорат надлежните органи. Заев добива линија преку секретарка, и воопшто не е видовит кој е од другата страна на врската…..

Редакција ОхридСкај

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во четврток пресуда за убиството на струмичанецот чие тело беше пронајдено во браната „Турија“

saso user

Општина Дебрца доби два грантови во рамките на проектот за “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”

saso user

Еве каков ќе биде новиот лик на „Соколана“

saso user