Број на текстови објавени денес: 46
Балкан

Во Хрватска уапсени мајка и дадилка од пеколот

Хрватската полиција уапси мајка и дадилка на двегодишно момче, кое загрижена сосетка го однела во болница во Загреб. Се открило дека детето има една нова скршеница, две фрактури стари неколку месеци, кои никогаш не биле лечени, како и модринки по телото.

Наводно ќе има и кривични пријави против 24-годишната мајка и 20-годишната дадилка, едната поради занемарување, а другата за нанесување повреди на дете.

Мајката му се јавила на новинар од порталот „24сата.хр“ и му кажала дека оди во Загреб, во полиција, а потоа во болница да си го виде детето.

Последните два месеца детето било кај дадилката, познајничка на неговата мајка, која требало да го чува. И дење и ноќе детето било во изнајмена шупа од 10 метри квадратни, без прозорци. За ова „чување“, таа требало да биде платена.

Мајката ниту еднаш не го посетила детето, иако според нејзините зборови, била во Загреб до 19 јуни. Соседите не ја виделе дадилката да го изнесе детето надвор.

Се дознало оти девојката е проблематична, израсната по домови, рано почнала да пие и се лечела на Психијатриската болница за деца и млади. Потоа и крадела по продавници.

Некаде во мај момчето било на лекар поради надуен стомак, а треба да се утврди дали и тогаш тоа имало сомнителни повреди и зошто лекарите не пријавиле.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Вучиќ: Советникот на Заев крадеше гаќи во Америка

saso user

Aлбанскиот претседател Илир Мета ги одложи локалните избори поради тензиите

saso user

Силниот ветер и високите бранови го блокираa поморскиот сообраќај во Албанија

saso user