Балкан

Доживотна робија може да добие млад Србин за поттикнување убиство на италијански полицаец (ВИДЕО)

Дваесет и шестгодишниот Милош Стижанин, српски државјанин, бил уапсен во Италија поради сомнение дека бил соучесник во убиство на сообраќаен полицаец од Милано во 2012 година. Сега на Стижанин му се заканува доживотна робија, пренесуваат тамошните медиуми.

Полицаецот Никола Саварини се обидел да го запре возилото во кое биле Реми Николиќ и Стижанин, но тие не само што не запреле, ами го прегазиле и неговото тело го влечеле уште 200 метри по улиците на Милано.

Зад воланот бил Николиќ, исто така државјанин на Србија, кој во тој момент бил малолетен.

Според италијанските медиуми, Стижанин, кој бил уапсен неколку години по злосторството, е осомничен дека го поттикнал Николиќ да го прегази полицаецот.

Како што се пренесува, еден од главните докази против него е токму изјавата на Николиќ, кој тврди дека Стижанин му викнал „одиме, одиме“ кога полицаецот се обидел да ги запре. Тој потоа му рекол да додаде гас и да не застанува.

Тој прво бил осуден на две и пол години поради „помагање на малолетник во извршување на кривично дело“.

Меѓутоа, Апелациониот суд ја отфрлил оваа пресуда и побарал ново судење поради сомнение дека Стижанин бил „потполно свесен и вмешан во убиството“, односно дека го „поттикнал малолетниот пријател на кривично дело“.

Стижанин е познат и во српската полиција, која го апсела за трговија со дрога.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, него го очекува и екстрадиција во Србија поради судењето за дрога.

ФОТО: Јутјуб / Принтскрин

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Турција негира дека поморот на делфини е поврзан со воени вежби

saso user

Ѓукановиќ: Црна Гора треба да има своја православна црква

saso user

Триесет и три жртви на геноцидот во Сребреница ќе се погребаат во Поточари

saso user