Број на текстови објавени денес: 41
Македонија Топ вести

Охрид во сообраќаен колапс, нема пристап ниту до болници, а ниту до амбуланти! Ќе одговара некој?

Охрид во сообраќаен колапс. Блокирана целосно главната сообраќајна Артерија Булевар Туристичка во Охрид на потегот од влезот на Охрид, па се до излезот кај Билјанини извори.Блокирани и сите пристапни улици кој водат кон Булевар Туристичка, со километарски колони нервозни возачи.

Блокирани целосно и пристапите до ЈЗУ Општа Болница, Брзата Помош во Охрид, како и комплетна блокада до Кардиолошкиот Центар во Охрид!! Ваквата блокада се должи на фамозниот „Охрид Триатлон“ под покровителство на Општина Охрид ,а во организација на асоцијацијата „ОхридТрчаТ“.

Охрид буквално постана блокиран, поради ситни финансиски интереси на поединци од Општина Охрид, кој во изминативе 30 дена, три пати го блокираат Охрид со овие нивни манифестации!!

СВР ОХРИД ДАЛА ОДОБРЕНИЕ, НО НЕМАЛА ВИНА ?!

Реадкцијата ОхридСкај го контактираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, на кого го запрашавме, кој дозволил да се блокираат сообраќајниците во Охрид, да се нема пристап до Болници, да не може ниту возило на ИМП Охрид, Пожарна Охрид непречено да се движи, кој дозволил да некој се изживува врз граѓаните на Охрид и туристите?

Стефан Димоски одговори:

„Настанот е најавен и е во организација на Општина Охрид. СВР Охрид врши физичко обезбедување на настанот, екипи на сообраќајната полиција и од ПС од ОН сите се на терен. За жал видливо е блокадата на улиците и тоа не може да се сокрие. Ние правиме се да може непречено да се движат возилата.СВР Охрид само дава услуга на барање на Општина Охрид, за жал настанот е организиран во погрешно време, кога во Охрид има поголемо присуство на туристи. Точно е дека е отежнат пристапот кон ИМП, Болницата итн., но прави се што можеме да вршиме физичко насочување на сообраќајот од страна на полициските службеници“.

КОЈ ОД МВР ДОЗВОЛИЛ ДА СЕ ПОИГРУВА СО БЕБЗЕДНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ И ТУРИСТИТЕ ВО ОХРИД?

Крајно небитен елемент е дали тоа Општина Охрид се јавува како организатор или не?! Битен сегмент во секое барање поднесено до МВР, кој и да е барател, секако е согледување на безбедносниот аспект во сообраќајот,  дали тоа има влијание на загрозување на животи на граѓани?

МВР, во никој случај не смеела да одобри барање со кое се предвидува блокирање на сообраќај, во услови кога општо познато е дека за време на викенд во туристичка сезона, протокот на сообраќај кон плажите, а и низ градот се утростручува. Овој настан и неговото аминување од страна на МВР претставува атак врз севкупното загрозување на безбедноста и здравјето на граѓаните на Општина Охрид и туристите кој престојуваат во Охрид.

Нели е време да ја прекините ваквата глупава манифестација која загрозува над 60.000 граѓани?

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Манчевски: Да се повлечат роднините на функционерите на сегашната и на поранешната власт

saso user

Се примаат 125 професионални војници во Армијата

saso user

Скопјани и градската администрација ги засукаа ракавите за да го исчистат ѓубрето во градот

saso user