Досие Македонија Топ вести

Отворени писмо до Н.Е.господин Тимоние: Зошто дозволивте Општина Охрид да ве превесла жеден преку вода?!

Почитуван Амбасадор, Ваша Екселенција господин Кристиан Тимоние.

Почитуван, искрено се надевам дека, денес претставниците на Општина Охрид, кој Ви беа домаќини, не успеаја да ве пренесат жеден преку вода ?! Денес во Охрид, Ваша Екселенција господин Кристиан Тимоние, Вие немавте средба со невладините организации, туку имавте средба со поголем дел од општинската администрација, која на Вас Ви ја претставија како НВО Сектор. Жално, но за жал вистинито.

Искрено се чудам и не знам што сакаат да сокријат од Вас?! Реалната слика е сосема поинаква, од онаа што сакаат да Ви ја престават, сервираат за некаков си напредок во соработката со невладиниот сектор. За да Ви појаснам, не само што не беа повикани најаките невладини организации, кој се истакнале во своето постоење и нивните опшествени мисии, туку за Ваша информација, воопшто не бил запознаен ниту раководителот на секторот за спорт млади и невладини организации при општина Охрид! Доволен факт, да дознаете кој Ви бил домаќин?!

Од друга страна, Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби СОС БАЛКАНМЕДИА, кое во изминативе три години, претставува најхумана невладина организација, под чие менторство доделени се инавалидски помагала на лицата со хендикеп, во висина од 270.000 евра, кој ги обезбедивме преку наши донатори, пристапни рампи за опшествените институции во вредност од 27.000 Евра (Голем дел се донирани на општина Охрид, кој наместо да ги постават во функција им служат за уринирање и фрлање на отпушоци на државната администрација), амбулантно ново возило Мерцедес, донирано на ЈЗУ Општа Болница Охрид со вредност од 50.000 евра, огревни дрва, прехранбени пакети, лекови и др. за потребите на лицата со Хендикеп.

Денес, нас не не повикаа на средба со Вас. Причината е’ едноставна, а таа е она основното право на лицата со посебни потреби, да имаат непречен пристап кон сите институции, да имаат нормална можност да се движат низ град Охрид, кој е претворен во забарикадиран град, каде ранливата категорија на граѓани и лицата со хендикеп се до таа мерка маргинализирани, не да се граѓани од втор ред, туку едноставно за нив нема никаква грижа, тие живеат во Гето исто онака како што своевремено ги означуваше Хитлер евреите во Полска!?

Почитуван, Ваша Екселенција господин Кристиан Тимоние, би сакал да Ве запрашам:

-Како денес влеговте во Општина Охрид ? Дали видовте ,дека во Охрид на секој чекор се поставени столбови по сообраќајниците, дали некаде видовте пристпани рампи за лицата со посебни потреби?дали некаке видовте градски превоз за лицата со посебни потреби?Дали некаде приметивте било каков знак кој означува место за лица со посебни потреби? Дали знаете дека во општина Охрид воведен е влез со картички, таму има влез само за привилегираните??! Дали знаете, или некој можеби Ви пренесол, дека новата општинска зграда, каде  е сместена администрацијата, нема веќе 2 години Употребна дозвола? Дали знаете што значи да сместите лица во зграда, која нема употребна дозвола, или поточно, никој не ја гарантира безбедноста ниту на вработените, а ниту на случајните напатени граѓани, кој ете мораат да тераат по своите маки и да се смилуваат, некој од администрацијата да им отвори врата?! За какви европски вредности, почитуван, Ваша Екселенција господин Кристиан Тимоние бевте денес во посета на општина Охрид??

Ваша Екселенција господин Кристиан Тимоние, не губете време со изнтитуции и лица, кој се надвор од сите основни човекови вредности. Вие денес , присуствувавте на организирана манипулација од страна на Општина Охрид. Вие се сретнавте со нивните вработени. Срамот нема граници.

СОС БАЛКАНМЕДИА Охрид

Претседател -Сашо Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кривична пријава за поранешен директор на ОУ „Гоце Делчев“ во Кавадарци

saso user

Заев ќе ги презентира реформите во Брисел

saso user

Седум нововозаболени од морбили меѓу нив две шестмесечни деца

saso user