Свет

Папата Франциск: Трамп и Ким добар пример за култура на средба

Папата Франциск денеска го поздрави состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун, изразувајќи надеж дека тоа ќе доведе до мир.

– Во текот на изминатите неколку часа во Кореја видовме добар пример за култура на средба. Ги поздравувам протагонистите, молејќи се дека таков значаен гест ќе биде уште еден чекор на патот кон мирот, не само на полуостровот, туку и во корист на целиот свет – рече Папата на неделната миса на плоштадот „Свети Петар“ во Рим.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун во демилитаризираната зона на Корејскиот Полуостров, се ракуваше со него, а потоа ја премина линијата која ги дели двете Кореи. Со тоа Трамп стана првиот американски претседател кој стапнал на тлото на Северна Кореја.

Фото: EPA/YONHAP

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Папата со самит за спречување на сексуалната злоупотреба во Ватикан

saso user

Памучната торба е често најлоша замена за пластичните кеси!

saso user

Лавров: САД побараа совет од Русија пред Самитот Трамп – Ким

saso user