Балкан

Советот на Европа се откажа од набљудување на изборите во Албанија

Неколку дена пред одржувањето на локалните избори во Албанија, Советот на Европа ја откажа својата Набљудувачка мисија, поради можни опасност од безбедносен аспект, како и поради нејасностите во врска со организирањето на изборите.

Станува збор за мисија на набљудувачи што требаше да ги следи изборите на 30 јуни, на кои опозицијата не учествува, а шефот на државата потпиша уредба за нивно одложување.

Одлуката е донесена од страна на Конгресот на регионални и локални власти на Советот на Европа, во согласност со правилата, поради постојаната несигурност во врска со организирањето на локалните избори во Албанија на 30 јуни и поради можните безбедносни ризици во одредени области, стои во испратената порака по електронска пошта до медиумите.

Советот ја донесува оваа одлука во време кога кулминира поларизацијата на политичката криза во Албанија во услови кога опозицијата е надвор од Парламентот и Владата решена да спроведе избори, иако во 35 од 61 општина во трка за градоначалник се само кандидати на коалицијата предводена од владејачката Социјалистичка партија. На гласачките ливчиња има вкупно 97 кандидати за градоначалник, вклучително и 11 жени.

Албанија е членка на Советот на Европа е од 13 јули 1995 година и со членството ги прифати обврските што треба да ги почитува секоја земја членка на оваа паневропска организација.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бериша: Белград му наредил на Рама да го тужи Харадинај

saso user

Маж со нож избодел четири лица пред кафуле во Сплит, полицијата употребила солзавец за да го уапси (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ)

saso user

Oсмиот случај на коронавирус во Грција e маж од Солун

saso user