Број на текстови објавени денес: 0
Македонија

Извадок на дневни настани на МВР на РСМ за ден 24.06.2019 година

Во текот на изминатите денови (21, 22 и 23.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 183 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 94 возачи од кои: 31 возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 56 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и седум возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 46 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет возачи поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, 30 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, четири возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и пет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 129 мандатни платни налози и 88 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

На 23.06.2019 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа биле регистрирани 25 прекршоци, од кои во Велес- девет прекршоци, во Кавадарци – 11 прекршоци и во Неготино – пет прекршоци.

На 23.06.2019 во 18,00 часот на Граничниот премин Табановце на излез од Р.С.Македонија, од страна на полициски службеници бил приведен М.Ј.(50) од Скопје поради тоа што се наоѓал на СТОП-Листа и бил предмет на потрага за издржување казна затвор. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 23.06.2019 во 23,00 часот при вршење на контрола на патниот сообраќај на регионален пат с.Желино кон с.Палатица запрено било моторно возило со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(19) од с.Шемшово. Во возилото биле затекнати две лица А.Б.(27) и Џ.В.(42) двајцата од Р.Албанија и тие во РСМ немале регулирано престој. Двете лица биле приведени во Полициското одделение Групчин и предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка.

На 23.06.2019 во 12,30 часот било пријавено дека во с.Скудриње, починал И.Е.(57) од с.Скудриње откако бил поклопен од камион „Там“ (негова сопственост) кој се придвижил откако претходно тој го паркирал со намера да истовари стока во касапница. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

На 23.06.2019 во 14,15 часот во Полициската станица Центар К.Б.(50) од Скопје, пријавил дека на Кеј “13-ти Ноември“ возејќи се на велосипед бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

На 23.06.2019 година во 13,20 часот во Полициската станица Аеродром В.Т.(72) од Скопје пријавил дека на паркингот на булевар “Авној“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Џачка задоволна од западната визија во Северна Македонија

saso user

И возачи без возачка и возила без кочници при контроли во Велес, Кавадарци и Неготино

saso user

Македонските винарници освоија 20 високи награди на натпревар во Германија

saso user