Број на текстови објавени денес: 0
Урбани вести

29 годишна родилка од Охрид почина на клиниката во Скопје

На ден 11.06.2019 год. во 04:00 на ГАО-Охрид примена е пациентка првородка со прснат воденик во термин за породување.
Пациентка на 29 год.возраст со хронична системска болест LUPUS и од детска возраст со имуносупресивна терапија.
Направен е итен царски рез,добиен жив женски плод 2130/46 во добра состојба .
Оперативен и ран постоперативен тек уреден.Петтиот постоперативен ден поради влошување на општата состојба на пациентката и поради очекувани компликации од основната болест конзилијарно е одлучено пациентката да се препрати во терциерна установа GAK-Скопје за понатамошен третман.
Во тек на престојот на GAO-Охрид земен е брис од рана од родилката и истиот е стерилен(резултат добиен од Центар за јавно здравје Охрид).
Следниот ден на GAK е направена (мултидисциплинарна)ревизија и е констатирано дека е исклучена гинеколошка компликација .
Новороденото се наоѓа во нашето одделение и е здраво и во добра општа состојба.
Им изразуваме длабоко сочуство на семејството за изгубениот млад живот.Екипата на GAO-Охрид вложи максимални напори,
брзо и протоколарно е се направено.
Благовремено е испратена во терциерна установа.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

И ДЕБРЦА ЗА РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ

saso user

ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ (ППП) ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP) КРЕДИТ БР. 8651-MK MSIP-NCB-095-19

saso user

ЗАКЛУЧОЦИ ОД ТРИБИНАТА ЗА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ

saso user