Број на текстови објавени денес: 41
Свет

Техеран: Ниту еден кибер напад врз Иран не бил успешен

Иран денеска објави дека ниту еден кибер-напад врз Исламската република никогаш не успеал, откако американските медиуми објавија дека САД извршиле  таков напад минатата недела, во услови на несогласување помеѓу двете земји.

– Медиумите се прашуваат за веродостојноста на наводниот кибер напад врз Иран. Ниту еден успешен напад не е направен од нив, иако тие вложуваат многу напори – објави министерот за телекомуникации Мохамед Џавад Азарири Јахроми на Твитер.

Американски медиуми објавија во саботата дека Вашингтон извршил кибер напади против иранскиот систем за ПВО и шпионска мрежа, денови откако Техеран собори американски шпионски дрон.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Меркел: Се борам со Макрон, но доаѓаме до компромис

saso user

Во Холандија стапи во сила забраната за носење бурка

saso user

Момче со церебрална парализа крена тег двојно потежок од него (ВИДЕО)

saso user