Македонија Топ вести

Педијатрите од утре на Конгрес во Струмица

Oд утре, 25. јуни 2019 година, во Струмица ќе се одржи седмиот по ред Конгрес на педијатри со меѓународно учество кој ќе трае до 28. јуни, информираaт од Здружението на педијатри на Македонија.

Овој Конгрес има за цел да поттикне размена на знаења и искуства помеѓу стручниот кадар од Македонија и Европа во областа на педијатријата, за подобрување на секојдневните практики, начин на третирање и протоколи.

Свои стручни излагања ќе имаат македонски и странски еминентни предавачи кои ќе презентираат новини во педијатријата, со што ќе дадат голема важност на овој меѓународен педијатриски собир и ќе користат за понатамошно унапредување на науката во педијатриската медицина.

Покрај стандардните теми од различни области на педијатријата и превентивната медицина, главни теми за овогодинешниот 7. Конгрес ќе бидат: пулмологија со алергологија, превентивна педијатрија, неврологија со развојна педијатрија, ретки болести, хематологија со педијатриска онкологија и неонатологија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Советот за македонски јазик при Владата на РСМ иницира јавна расправа за Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик

saso user

Беспалтен паркинг во Центар за сите за велигденските празници

saso user

Возрасен маж настрада од глисер во Струга, заврши во болница

saso user