Свет

Патничка заспала на летот, ја оставиле заклучена во мрачен авион

Канаѓанката Тифани Адамс тврди дека е оставена сама во изгаснат и заклучен авион на „Ер Канада“, откако заспала во текот на летот на релацијата Квебек – Торонто на 9 јуни. Како што пишува „Индепендент“, Адамс заспала во текот на летот. Кога се разбудила сфатила дека авионот е празен и паркиран на пистата во Торонто.
– Сум заспала веројатно на половина лет. Се разбудив околу полноќ, што е неколку часа по слетувањето, смрзната и во мрак на своето седиште. Беше ужасно и мислев дека е само лошо сон. Страдам од анксиозност и тоа беше страшно искуство за мене“, напишала во соопштението до компанијата.
Му се јавила на пријателот, но телефонот ѝ се исклучил, бидејќи ѝ се испразнила батеријата. Се обидела да го наполни, но сфатила дека струјата во авионот е исклучена. Пронашла сигнално светло во кокпитот и патот до главната врата, но кога ја отворила, сфатила дека се наоша на 15 метри висина од тлото. Седнала на работ на вратата и го вклучила светот како повик за помош.
– Не знам колку време помина пред човекот кој ја возеше количката за багаж да помине и да ме здогледа. Беше шокиран. Ме праша како ме оставиле во авионот. И јас истото се прашувам – рекла Адамс.
Мажот ѝ помогнал да излезе и ја испратил до аеродромот каде што ја дочекале претставници на „Ер Канада“. Сега има проблем со кошмари и тешкотии со спиењето.
„Едвај заспивам, а ако заспијам се будам во страв дека сум заклучена во некој мрачен простор“, напишала.
Портпаролот на авиокомпанијата потврдил дека „Ер Канада“ го истражува овој инцидент, како и дека се во контакт со патничката.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Европски метеоролози предупредуваат: Идната недела доаѓа смртоносен бран со 49 степени

saso user

Оставка од личната секретарка на Трамп, дала детали од неговиот живот

saso user

Јуни 2019 – најтопол јуни во последните 140 години

saso user