Македонија

Обвинителство ќе проверува дали може стражарно да го приведе реисот Реџепи

Јавен обвинител допрва ќе испитува дали се исполнети законските основи за стражарно да го приведе поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи кој досега неколку пати не се појави во обвинителството да даде исказ за говорот на омраза кон Македонците и кон една судијка, велат од Обвинителството за Плусинфо.

Тој досега четири пати не се одзва на поканата. Последниот пат, причината била неговата здравствена состојба.

– На последниот закажан термин за распит, адвокатот на повиканото лице телефонски побара одлагање на распитот, со образложение дека од лични здравствени причини не може да присуствува на распитот на неговиот клиент. На поглаварот на ИВЗ ќе му биде упатена покана за распит во друг термин. Дополнително, јавниот обвинител ќе испита дали се исполнети законските основи за стражарно приведување – велат од Обвинителството.

За претходната покана, пак, реисот не се појави поради празникот Рамазан.

За Сулејман Решепи има предмет за говор на омраза во два наврати. Првиот беше на почетокот на април кога тој на поставувањето камен темелник на џамијата во скопското село Арнакија изрече навреди за македонскиот народ велејќи дека е се беспримерен див народ без идентитет. За овој тој потоа се правдаше дека бил изваден од контекст и оти тоа не се однесувало на Македонците туку на жителите на селото Лажец.

Десетина дена подоцна, кога се случија превирања на врвот на ИВЗ каде имаше и судско решение, реисот за судијката која донела решение дека друг е поглавар, изјави дека „не ја жали и таквите нека починат“.

За првата изјава кривична пријава поднесе Хелсиншкиот комитет, а за втората обвинителството по допрен глас оформи предмет и двата ги спои во еден случај.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Спасовски најави нови економски мерки по 1 Мај

saso user

Каде зимуваат македонските граѓани?

saso user

34 оздравени лица, 134 ново заболени и 8 починати лица е новата состојба со Ковид 19.

saso user