Бизнис

На ред се трговските ознаки и другите разлики меѓу грчките и македонските бизниси

Со многу суштински и стабилни чекори се спроведува Договорот од Преспа, вели алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу за грчката новинска агенција АНА-МПА во однос на одржаниот прв состанок на Меѓународната група на експерти меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Анагностопулу објаснува дека улогата на групата е да се испитаат и да се решат можните разлики меѓу бизнис заедниците од двете земји за трговските ознаки, имиња и сл.

– Што значи сето ова? Дека Грција, со Договорот од Преспа, го отвори патот за „дебалканизација“ на било кои проблеми и разлики во регионот, дека ја има обезбедено потребната средина за дијалог што носи развој на локалните заедници во клима на консензус, дека ги сруши на ѕидовите ревизионизмот и неплодната политичка на интроверзија на минатото – вели Анагностопулу за АНА-МПА.

Како што соопштија од министерствата за надворешни работи на двете земји, во саботата во Скопје се одржа првиот пленарен состанок на Меѓународната група на експерти, под раководство на шефот на делегацијата на Република Северна Македонија, проф. Ѓорѓи Филипов и на шефот на делегацијата на Хеленската Република, проф. Фотини Папартис, на која двете делегации разменија мислења и разговараа за Деловникот за работа на Меѓународната експертска група, имајќи ги предвид заклучоците од претходните состаноци што се одржаа во Солун.

Следната средба ќе се одржи во Атина, на датум кој претходно ќе биде усогласен, а по можност да се одржи во првата недела од ноември 2019 година.

„Меѓународната експертска група ги охрабрува бизнис заедниците на двете земји да го започнат својот дијалог во духот на Преспанскиот договор“, пишува во соопштенијата од министерствата за надворешни работи на двете земји. 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Новини и поволности во проектот „Купи куќа, купи стан“

saso user

ССМ пресмета дека минималецот може да порасне за 12 отсто

saso user

УПОЗ: Ќе се потрошат 250 илјади евра за луксузни возила, а нема пари за поголеми плати

saso user