Свет

Најголемата грешка на Бил Гејтс – тоа што не е на М (ВИДЕО)

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, на настан на фирмата Вилиџ глобал каде што присуствува како гостин, откри дека најголемата грешка што некогаш ја направил е кога дозволил Гугл прв да ја отпочне приказната „Андроид“.

– Во светот на софтверот, особено кога станува збор за платформи, тоа е пазар на којшто победникот зема сѐ. Значи, најголемата грешка направена кога било, ми беше лошото управување што доведе до тоа денес Мајкрософт да не е она што е андроид –  изјави Гејтс.

Тој додава и дека е природно и очекувано „Мајкрософт“ да бил победникот.

– Има место само за еден оперативен систем кој не е на „Епл“ и, колку тоа чини? 400 милијарди за да заврши со М (Мајкрософт) наместо со Г (Гугл) – истакна Гејтс.

Гугл го купи Андроид инк за 50 милиони долари, а во 2007 година најави нов мобилен концепт што ќе овозможи пристап на поголем број луѓе на интернет.

ФОТО: EPA / GIAN EHRENZELLER

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ова може само во Јапонија: Министер јавно се извини поради триминутно доцнење

saso user

Блимел: ЕУ не е целосна без Балканот

saso user

Судири во Венецуела, загинаа најмалку четири лица

saso user