Број на текстови објавени денес: 0
Спорт

Кулибали можe и ќе остане во Наполи

Фудбалерот на Наполи, Калида Кулибали, рече дека постојат шанси тој да остане во Неапол и следната сезона.

– Не знам дали ќе останам во Наполи. Постојат шанси за тоа. Но, јас треба да играм на Африканското првенство. Сега сите зборуваат за мене, но во овој момент лично сум подготвен да зборувам само за репрезентацијата на Сенегал, со која сакам да постигнам нешто сериозно. Затоа, не сум подготвен да зборувам за мојата клупска иднина, изјави Кулибали.

Тој минатата сезона настапи на 48 натпревари за Наполи, постигна два гола и имаше една асистенција.

На порталот „transfermarkt.de“ неговата вредност се проценува на 75 милиони евра.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Гвардиола: Само еден тим беше стабилен во текот на сезоната

saso user

Смолинг: Меси знае дека не го удрив намерно

saso user

УЕФА го избра тимот на неделата во Лига Европа

saso user