Свет

Британија загрижена да не почне случајна војна меѓу САД и Иран

Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, изјави дека Британија не смета дека ниту САД ниту Иран сакаат војна, но дека е многу загрижена дека би можело покренување случајна војна.

– Ние сме многу загрижени, не мислиме дека ниедна страна сака војна, но ние сме многу загрижени дека би можеле да се најдеме во случајна војна и правиме сѐ што може за да ги смириме работите – изјави Хант за Радио Би-Би-Си.

Хант додаде дека Велика Британија е во близок контакт со САД во врска со „многу опасната ситуација во (Персискиот) Залив“.

– Правиме сѐ што можеме за деескалација на ситуацијата – рече Хант.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Стафорд ја убил мајката на својот сопственик во Панчево

saso user

Саркофаг со телото на египетски висок свештеник отворен во живо на „Дискавери“

saso user

Канабис растe пред зградата на Законoдавниот дом во Вермонт

saso user