Број на текстови објавени денес: 0
Балкан

Хрватска ќе увезува работници и од Бангладеш

Хрватска е подготвена да увезе работници од Бангладеш, објави амбасадата на оваа  држава во Хаг, по состанокот на амбасадорот на Бангладеш со хрватскиот заменик-министер за труд, Дражен Опелиќ.

Хрватска, според најавите, наскоро ќе испрати нацрт-меморандум за разбирање во Бангладеш, документ кој го опишува договорот меѓу двете земји за оваа тема. По потпишувањето на меморандумот, ќе се започне со подготовките за „регрутирање на потребната работна сила од таа земја”.

Најавено е дека Хрватска сака да вработи лекари, медицински сестри, специјалисти за ИТ, туризам и градежни работници, а амбасадорот изрази уверување дека Бангладеш е способен да обезбеди квалификувана и неквалификувана работна сила за сите сектори. Од Министерството објаснија дека ја следат состојбата на пазарот на трудот „ за да одговорат на сите предизвици во поглед на побарувачката за работна сила”.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Син го убил татко си во Србија

saso user

Рама поднесе тужба против новинарот на германски „Билд“

saso user

Црквата во универзитетскиот кампус во Приштина може да стане „музеј на српските злосторства“

saso user