Бизнис

Заев: Мрчатори во општеството ја отвараат дебатата за поврат на ДДВ-то, сите оние што кубат коси – да престанат со тоа

Премиерот Зоран Заев денеска испрати порака кон оние коишто ја критикуваат политиката на власта со данокот на додадена вредност, особено мерката за враќање на ДДВ, по веста дека освен премиерското, привремено, тој биде и министер за финансии.

– Секако, јас и досега работев со министерот Тевдовски, ги знам сите проекции и постапки, летово нема да се случуваат некои драматични работи околу ребаланс или слично, веројатно есента. Она што е важно е на први јули да почне проектот на повраток на ДДВ и сите оние што кубат коси да престанат со тоа заради тоа што е изгорена нашата земја, никогаш не се враќале пари, е сега дали некој ќе добиел 12 илјади, 15 или 27 илјади и слично, дебата ја отвараат одреден дел мрчатори во општеството. Ние враќаме пари кај граѓаните и ова е толку, дај Боже да враќаме повеќе, ако проектот успева граѓаните ќе вратат повеќе пари – рече Заев и додаде:

– Главна задача е порастот на платите, не само во делот на здравството и здравствените работници, од први септемвери и на голем дел од јавната администрација, но сакаме да направиме крупни чекори кон пораст на севкупните нето плати кои се земаат во земјата – изјави Заев.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Први официјални македонско-јапонски бизнис средби

saso user

Компаниите со странски капитал, но и други, предлагаат измени и во даночната сфера

saso user

Индустриското производство во јануари зголемено за 12 отсто

saso user