Број на текстови објавени денес: 0
Бизнис Македонија Топ вести

ОПШТИНА ОХРИД ВОВЕДУВА НАПЛАТА НА ВЕЗ ВО КАНАЛОТ СТУДЕНЧИШТА,СЕ СТАВА РЕД НА БЕЗАКОНИЕТО КОЕ ВЛАДЕЕШЕ.

Општина Охрид воведува ред и поредок во паркирањето на пловни објекти во каналот „Студенчишта“ во м.б. Билјанини извори во Охрид. Ваквата одлука на градоначалникот на Охрид Константин Георгиески , секако е за големо поздравување , нешто што беше неопходно да се направи наназад цели 3 децение.

Со одлука на градоначалникот Константин Георгиески , од страна на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид , кое стопанисува со паркинг просторот во Охрид , одбележани со броеви се сите места во каналот Студенчишта. Имено досгашната анархија во каналот „Студенчишта“ ,каде поединци наплатуваа за паркирање на пловни објекти (Глисери и јахти), со што против правно се стекнуваа со поголема сума на пари , издавајќи паркинг места во каналот ,кој самите си ги узурпиреале, сега постанува историја.

Имено ЈП „Билјанини Извори“ Охрид  взаемно со Капетанија на пристаништа на РСМ , ќе стопанисува домаќински и со каналот Студенчишта.

Секој сопственик на пловен објект, доколку сака истиот да го паркира (вез) во каналот „Студенчишта“, ќе мора да добие согласност од Капетанија на Пристаништа на РСМ , во смисол потврда за уредна регистрација на пловниот објект , и со тој документ склучува договор за користење на паркинг (вез) во каналот Студенчишта од ЈП „Билјанини Извори“, акој договори ќе се склучуваат за период од 6 или 12 месеци. Секој сопственик на пловен објект , а кој сака да го закотви во каналот „Студенчишта“ со договорот си добива сопствено бројче кое го користи , и никој нема да може ниту да го премести пловниот објект ,а уште помалку да има како и досега одврзувања и преместувања на пловните објекти.

Исто така , од страна на ЈП „Билјани Извори “ Охрид ќе бидат остранети сите пловни објекти ,кој со години се половично потопени во каналот Студенчишта,а соспвениците ќе бидат должни да ја надоместат штетата з анивно дислоцирање.

Овој потег на Општина Охрид е за големо поздравување и од еколошки аспект.Со оглед дека дивото наплатување на паркинзи во каналот Студенчишта ќе биде минато, има и еколошки заштитен аспект.Сопствениците на пловните објекти,нема повеќе да можат со канти да влечкаат горива и масла , туку тоа ќе се прави организирано .

Се информираат сите сопственици на пловни објекти , да не плаќаат пари за паркинг на други лица, со оглед на фактот , што ЈП „Билјанини Извори“ нема да признава никакви приватни уплати спрема трети физички лица .

С.Д.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Почнува топло и дождливо лето

saso user

Сеад Кочан на 17 јули во затвор

saso user

Се утврдуваат причините за авионската несреќа, засега нема услови да се извлече Цесната

saso user