Здравје

Ако на телото му недостасуваат овие два минерали, нема да ослабнете!

Сите велат дека држењето на диета бара силен карактер. Меѓутоа, многумина не знаат дека недостатокот на одреден витамин во телото може да предизвикува силна желба за благо или за брза храна.

Нутриционистите советуваат да воведете цинк и хром во исхраната, што ќе придонесе за побрзо и посигурно губење на килограмите.

Улогата на хромот во губењето на тежината
Хромот им помага на клетките да ја апсорбираат гликозата, ја зголемуваат телесната чувствителност на инсулин. Кога има доволно хром во организмот, телото ги користи јаглехидратите што влегле во телото како извор на енергија, без да ги претвора во масти.

Ако ви недостосува хром, постојано ќе имат желба за слатки, не можете да издржите глад, а телото ќе има потреба од чоколада.
Хромот можете да го најдете во морските плодови, говедското месо, месото од живина, семките од тиква. Ако сте на диета, одберете исхрана што ги вклучува овие производи.

Улогата на цинкот во губењето на тежината
Цинкот е одговорен за метаболичките процеси во организмот, особено за варењето на маснотиите и јаглехидратите. Тој има многу други важни функции во организмот, а особено придонесува за физичката издржливост, имунитетот, помнењето и функцијата на репродуктивниот систем.

Без доволна количина на цинк во организмот, никогаш нема да ги постигнете посакуваните резултати со диета.

Телото го добива цинкот преку храната. Храна богата со цинк е квасец, сусам, семки од тиква, говедско, какао, жолчка, брашно од цели зрна пченица.

Ако досега не ви успевале диетите, најдете некоја што ќе ги содржи гореспоменатите производи или едноставно во исхраната вклучете додатоци со овие минерали.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Зошто и како треба да јадете семки од лубеница?

saso user

Беспарицата предизвикува мигрена и чир на желудник

saso user

Ќе пукнам колку се прејадов!

saso user