Балкан

Ципрас до Туск: ЕУ да ги осуди активностите на Турција и да преземе мерки

Европскиот совет на 20 и 21 јуни да ги осуди незаконските активности на Турција во кипарската ексклузивна економска зона, побарал грчкиот премиер Алексис Ципрас од претседателот на советот Доналд Туск за време на нивниот денешен телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас во разговорот истакнал дека Европскиот совет треба да разгледа „конкретни мерки против инволвираните во незаконските активности, доколку Турција инсистира на прекршување на меѓународното право“.

Фото: EPA/ALEXANDROS VLACHOS

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Хрватска воведе 14 дена карантин за македонските државјани

saso user

БиХ: Претреси на 11 локации

saso user

Албанија од утре ја затвора границата со сите соседни држави

saso user