Свет

Трамп го исфрли шефот на кабинет бидејќи кашлал за време на интервју

За време на интервјуто на американскиот претседател Доналд Трамп за телевизиската мрежа Еј-Би-Си, во еден момент се слушнало кашлање во позадина, поради што првиот човек на САД го прекинал разговорот.

Американскиот претседател беше среде објаснување за неговите даночни проблеми кога се слушнало кашлање од непознат човек.
 Изиритираниот Трамп веднаш го прекинал разговорот и му наредил на тоа лице веднаш да го напушти Овалниот кабинет.

– Тој кашла среде мојот одговор. Тоа не ми се допаѓа. Ако кашлате, ве молам, напуштете ја просторијата – рече претседателот на САД.

Подоцна се дозна дека лицето кое кашлало бил шефот на кабинетот на Трамп, Мик Малвејни.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кој вели дека кенгурите не знаат да уживаат и на снег ?! (ВИДЕО)

saso user

Европол прифати да воспостави соработка со Косово

saso user

ЕУ го потпиша договорот за Брегзит

saso user