Свет

Tрамп утре објавува службена кандидатура за втор мандат

Во Орландо на Флорида утре се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да објави службена кандидатура за втор мандат, јави Си-Ен-Ен.

Оперативниот шеф на кампањата Мајкл Гласнер вели дека за тој „историски“ собир се „бара билет повеќе“. Трамп тврди дека јакне американската економија, армијата е се посилна и државата има се поголем углед.

– Пред три години беше поверувано кога зборуваше дека сите други не се во право, па ќе следува истиот инстинкт верувајќи дека може пак да победи во 2020 година – изјави политичкиот аналитичар Лари Сабато од Универзитетот во Вирџинија.

– Тоа можеби не е добра стратегија, но Трамп не е способен да го смени насоката – додава тој.

Иако кампањата службено почнува утре, поранешната ријалити ѕвезда и трговец со недвижнини, не престана со кампања од 2016 година кога во трката влезе со театрално спуштање низ златни подвижни степеници во Трамп Тауер во Њујорк.

Тие степеници станаа митски елемент во приказната на Трамп поради што неговиот зет Џаред Кушнер дури размислува сцената повторно да ја повтори во кампањата за изборите во 2020 година, објави Њујорк тајмс.

Наместо тоа, Трамп ќе биде во Амвеј центарот во Орландо каде може да се соберат 20.000 луѓе, во сојузната држава Флорида чии 29 електорски гласови може да му помогнат да остане во Белата куќа со нов мандат како претсретел.

Фото: EPA/JIM LO SCALZO

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Хуманитарни организации заминаа од опасни зони во Сирија

saso user

Загинаа 70 мигранти при бродска несреќа во близина на Тунис

saso user

Наставниците ќе можат да носат пиштол во училница во Флорида

saso user