Број на текстови објавени денес: 0
Свет

Oд срцев удар во судница почина поранешниот египетски претседател Морси

Поранешниот претседател на Египет Мохамед Морси почина од срцев удар на 69-годишна возраст, јави државната телевизија на Египет.

Телевизијата информира дека Морси починал во еден египетски суд. Поранешниот египетски претседател беше во затвор од 2013 година, обвинет за разни злосторства.

Морси беше петтиот претседател на Египет и беше на власт од 30 јуни 2012 до 3 јули 2013 година кога беше симнат од власт со државен удар.

Генералот Абдел Фатах ел-Сиси, кој го предводеше пучот,  го симна Морси од власт и го суспендираше египетскиот Устав од 2012 година.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Запленет брод со 49 мигранти од страна на италијанските власти

saso user

Во Холандија затвориле школско игралиште оти децата биле прегласни

saso user

Останките на жртви на медицинските експерименти на нацистите конечно упокоени во Берлин

saso user