Број на текстови објавени денес: 0
Спорт

Gulf (Галф) Македонија дел од легендарната Ле Ман трка

Дваесет и четири часовната Ле Ман трка, која бара од спортските автомобили врвна издржливост и натчовечки напори на возачите и тимовите, годинава го бележи своето 87. издание.

Gulf (Галф) Македонија, како дел од големото интернационално Gulf (Галф) семејство е дел од овогодинешната трка, бодрејќи гo Porsche тимот на спортската Gulf (Галф) дивизија и тимот на Dragon Speed, кој оваа година се натпреварува во познатата сино-портокалова Gulf (Галф) комбинација.

99 возачи и спортски тимови се дел од овогодинешното издание на најпознатата трка за издржливост во светот која се вози во Франција. Победник на 24 часовната трка оваа година е Фернандо Алонсо со тимот на Тојота, придружуван од Казуки Накаџима и Себастијан Буеми.

Gulf (Галф) како верен поддржувач на мотоспортот на две и четири тркала и оваа година е дел од најнапорната и најиздржлива трка во светот, со свој претставник во падокот на Gulf (Галф) тимовите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мурињо ги кажа условите под кои би се вратил на тренерската работа

saso user

Бразил ја освои Копа Америка

saso user

Шансите Роналдо да игра со Ајакс се минимални

saso user