Спорт

Јувентус искеширал само милион евра за Маурицио Сари

Јувентус му платил на Челзи компензација од само еден милион евра за тренерот Маурицио Сари, пишува „Тутоспорт“.

Сари имаше договор со Челзи уште две години, но претпочита да си замине и да се врати во Серија „А“.

Шеесет и едно-годишниот стручњак потпиша две години со „Старата дама“, а првично се сметаше дека Јуве треба да плати 6 милиони евра оштета на Челзи, но раководството на торинскиот клуб успеа да договори значително помал износ, според италијанскиот печат.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Македонските одбојкари ќе дебитираат на ЕП

saso user

Македонските ракометарки поразени на Шампионатот во Литванија

saso user

Атлетико ги совлада ѕвездите на МЛС во Орландо (ВИДЕО)

saso user