Балкан

Јадранско море претрупано со ѓубре

Застапеноста на пластичниот отпад на дното на Јадранското  море е речиси најголема во Европа, по североисточниот дел на Медитеранот и Келтското море.

Отпадот на Јадранот доаѓа од околу четири милиони луѓе кои живеат покрај брегот, а тој број се зголемува речиси шест пати во текот на туристичката сезона, наведува меѓународен тим експерти во студија објавена во списанието „Марин Полушн Булетин“.

Како што се наведува, посебен проблем е тоа што станува збор за мало, плитко и полузатворено море кое со Средоземно море, кое исто така е полузатворено и загадено, е поврзано со Отрантските врати, широки само 80-ина километри.

Во јужните хрватските води најголем дел од отпадот, околу 90 отсто, доаѓа преку струите и ветровите, најмногу од Албанија.

Перо Тутман од Институтот за океанографија и рибарство во Сплит (ИЗОР) вели дека од 70 до 80 отсто од отпадот во морето доаѓа од копното, додека останатиот стигнува преку морскиот транспорт, туристичките активности, наутичкиот туризам, рибарството.

– Медитеранот, за жал, е едно од најзагадениоте мориња затоа што е полузатворен базен, а гравитираат голем број земји со различни цивилизации. Тоа се бројни земји од Азија, Африја и Европа и за жал нивото на еколошката свест и однесување не е секаде на највисоко ниво – рече Тутман.

Инаку, пластиката во морето се разградува за 450 години, алуминиумските конзерви 200 до 500 години, дрвото 13 години, хартијата две до четири недели…

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Претепано дете поради поделба на имот по смрт на член на семејството

saso user

Пожарот на Евија веќе трет ден го гаснат 400 пожарникари, војници и доброволци

saso user

Со бои нападната зградата на грчкиот Парламент

saso user