Македонија Топ вести

Шекеринска: До петок ќе се знае кои ќе си заминат од министерските функции, предлогот ќе оди во Собрание

До петок ќе се знае кои ќе си заминат од министерските функции, предлогот ќе се достави во Собрание, најави вечерва Радмила Шекеринска, заменик-претседателката на СДСМ, во емисијата ТОП ТЕМА на телевизија Телма.

– Најавата за реконструкција беше среде претседателски избори, и да сака некој да го смени цел состав тоа е незаконски да се направи. Ако е работата во тие две недели заради кои што сето тоа е одложено, мислам дека сите граѓани ќе речат, дајте концентрирајте се за ова што е поважно, па ќе ги видиме новите министри ќе бидат добри и ќе го надоместат тоа. Мислам дека еден дел од јавноста беше затечен од тоа дека не сме лажеле во изборите. Не било, демек, еве ние ќе се менуваме, но кога победивме да свртиме нов лист. Еден дел од јавноста нѐ чекаше на нож да кажеме дека нема да има реконструкција, дека нешто ситно ќе направиме, рече Шекеринска.

Таа појасни:

– Кога стана јасно дека ќе имаме реконструкција, дека ќе ја поддржат сите партнери. Сега некако фокусот е кога, а не што. И ние треба фокусот да го држиме на тоа како да дојдеме до најдобар состав и како да дојдеме до најдобри директори, кои се согласувам со вас, многу влијаат на големите мали прашања, оти животот е полн големи мали прашања. Не се нато-еу, не се големите еконмски движења, ама менуваат сеѐ со кое се соочуваме како граѓани секојдневно, и се согласувам сите се нестрпливи, убедена сум, земајќи дека сето тоа брзо ќе се заврши, вели Шекеринска.

До петок ќе го имаме предлогот, нагласи Шекеринска, најавувајќи дека смената ќе трае месец дена.

Претходизјави дека за првпат во историјата во една политичка партија во Извршниот одбор повеќе од половина членови се жени, тоа докажува дека знаеме да го почитуваме сопствениот збор, порача заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во вечерашното гостување во емисијата Топ тема, информираа од СДСМ.

– Со изборот на новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ во кој повеќе од половина се жени, како партија покажавме дека го почитуваме сопсствените принципи, го почитуваме сопствениот збор. Велиме дека сакаме повеќе жени во политика и тоа го реализираме. За првпат во партијата во највисокиот извршен орган имаме Ромка, која има долгогодишно искуство како граѓанска активистка за ромски прашања. Покажавме дека и како партија на власт знае да се менува, покажавме дека не сме затворени во сопственото партиско јадро, дека сакаме луѓе со знаење, со искуство, истакна Шекеринска.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Триесетгодишен мотоциклист загинал во сообраќајка на патот Богданци-Стојаково

saso user

Ако ви се слоши од жешкото, побарајте помош од патролата на Црвениот крст

saso user

Се чистат езерцата во Градскиот парк

saso user