Број на текстови објавени денес: 0
Балкан

Рама ќе го тужи новинарот на „Билд“

Објавените снимки од прислушуваните разговори во германскиот весник „Билд“ го налутија албанскиот премиер Еди Рама, кој најави тужба против новинарот Питер Тиде.

Рама на Твитер напиша дека одлучил ова прашање „да го однесе во суд во Германија“, бидејќи таму правдата „не си игра со тајните од една истрага, достоинството на граѓаните и почитта кон државата.

– Решив овој новинар да го однесам во германските судови, во оваа благословена земја каде правдата не си игра со тајни од истрага и каде достоинството на луѓето и државите се почитува како непроценлива вредност.Ајде да видиме кој е во право во оваа пропуштена историја на правдата, пишува Рама,кој претходно објавувањето на снимките од прислушуваните разговори ги оцени како уцена.

Преку Фејсбук му одговори новинарот Тиде кој наведува дека „Рама се уште не слушнал за независно судство“, па затоа бара истрага од обвинителството.

Бидејќ Рама е во Лондон го советува да научи таму што значи независно обвинителство и функционални судови.

-Бидејќи шефот на албанската влада се уште не слушнал за независно правосудство сега бара обвинителот да истражува. Бидејќи Рама сега е во Лондон, мора да добие лекција за тоа што се независни обвинители и вистински, функционални судови,напиша Тиде.

Првот напис под наслов „Како мафијата манипулира со изборите во Албанија“, весникот „Билд“ го објави во почетокот на месецов, кога пренесе снимки од разговори направени од албанските истражни органи, каде се слуша кои мафијашки кланови ги купиле гласовите за партијата на премиерот Еди Рама.

Во шесте разговори главен е мафијашот Астрит Авдулај, кој разговара со градоначалникот на пристанишниот град Драч и директорот на „Водовод“да се обезбедат гласови со закани и купување. Денеска објави 16 снимени разговори за градот Пешкопеја,при што се слуша и гласот на премиерот Рама.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Атина ќе добие статуа на Александар Велики

saso user

Започна протестот во Албанија, полицијата подготвена да употреби водени топови

saso user

Клинтон се закити со Орден на слободата на Косово

saso user