Број на текстови објавени денес: 0
Бизнис

Поскапува Еуросупер БС-95, останатите горива по иста цена

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,35 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе продолжи да се продава за 69, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 60, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,848 денари за килограм се намалува малопродажната цената на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,003 денари.

На светскиот пазар во изминатите седум дена се бележи пораст на референтната цена кај бензинот во просек за околу 2,44 отсто или за 14,10 долари по тон, а кај дизелот има зголемување во просек за околу 1,088 отсто или 5,95 долари по тон. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот е повисок за 0,82 отсто.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Македонска бизнис делегација на Копаоник бизнис форум, панелисти Азески и Јаневски

saso user

Од средно школо право во директорска фотелја – кој тоа таму управува?

saso user

Анѓушев: На утрешниот самит се очекуваат до 100 грчки и 200 македонски компании

saso user