Број на текстови објавени денес: 1
Македонија Топ вести

Могерини: Двете земји подготвени, довербата во ЕУ ќе се намали ако не почнат преговорите со Скопје и со Тирана

Довербата во процесот на проширување на ЕУ ќе настрада ако не почнат веднаш преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија, изјави на прес-конференција високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

– Двете земји се подготвени, тие се европски земји, тие не се на надворешната граница на ЕУ. Во наш интерес е Западен Балкан да стане дел од заедницата, истакна Могерини.

Според неа, ЕУ не треба да се откажува од најефикасниот инструмент за постигнување мир. – Се надевам земјите од ЕУ да донесат мудра одлука за итно започнување на преговорите, рече Могерини.

Предвидено е Советот на ЕУ да го разгледа прашањето на утрешната седница во Луксембург.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Законот за Судскиот совет го помина филтерот на Венецијанската комисија

saso user

Со дијалог ќе се бара чаре за минарето на Али Пашината џамија во Охрид

saso user

Милошоски: Османи не го видел специјалниот советник Зафировски

saso user