Македонија

Младите се по шест часа дневно на интернет, најмногу на Фејсбук, Инстаграм

Младите дневно поминуваат, во просек, по шест часа на интернет, најмногу на социјални мрежи, слободното време го користат со семејството и пријателите. Машките повеќе спортуваат и волонтираат во социјални проекти, а девојчињата повеќе читаат книги. Младите сакаат да мигрираат во странство заради подобрување на животниот стандард, најмногу се дискриминирани поради политичките убедувања и етничкото потекло, е активно се вклучени во политички партии но не дискутираат многу за политика.

Ова се дел од заклучоците од Студијата за млади на Северна Македонија 2018/2019 година во која учествувале 1.038 испитаници на возраст од 14 до 29 години, а е спроведена од страна на Фондацијаа Фридрих Еберт-канцеларија Скопје.

– Младите слободното време го користат во неструктурирани и неорганизирани активности, односно најчесто поминуваат време со семјеството, излегуваат со пријателите и слушаат музика. Најретко престојуваат во странство, многу ретко волонтираат во социјани проекти и ретко минуваат време во младински центри, наведе Марија Тупузовска Латковиќ, професор на ИСППИ и координаторка на истражувачкиот тим, во однос на заклучоците од студијата.

Наведе дека машките почесто од женските спортуваат, волонтираат на социјални проекти и почесто минуваат време во младински центри, додека пак женските и оние кои израснале во дом, каде што имало книги, почесто читаат од останатите.

Во споредба со 2013 години, младите во просек дневно поминуваат два часа повеќе, односно шест часа дневно.

– Во преминот на младите од адолесценција во рана возрасност треба да им се случат пет клучни настани, завршување со образованието, стабилно вработување, независност во домувањето, стапување во брак и добивање на прво дете. Од анализата се гледа дека за оваа традиција голем фактор е степенот на образование, односно, на оние млади лица кои остануваат со понизок степен на образование, овие настани им се случуваат побрзо, додека кај оние што продолжуваат со средно и со високо образование ги пролонгираат за неколку години, посочи Тупузовска Латковиќ.

Потенцираше, дека само 15 отсто од младите навеле дека можат да се дозволат се што им треба, односно дека можат да купат се што им треба.

Од студијата дошле до заклучок дека младите кога го замислуваат живеењето во странство, тоа не е базирано врз нивни лични искуства.

– Во целост младата популација нема силна желба за миграција. Во однос на желбата за миграција, младите можат да се поделат во три групи, една третина од младите кои имаат силна желба да ја напуштат нашата земја, една третина кои изразиле средна желба за миграција, и една третина кои немаат таква желба. Најпосакувана дестинација за иселување е Германија, наведе кооридинаторката на истражувачкиот тим.

Информираше дека од 2013 година досега не е промент процентот на млади кои воопшто не сакаат да ја напуштат земјата, посочпувајќи дека најмногу желба за миграција имаат млади лица на возраст од 14 до 19 години, претежно од урбана средина.

Според истражувањето, младите покажуваат желба за иселување, речиси ништо не преземаат во однос на тоа прашање.

– Сексуалната ориентација и јазикот кој го зборуваат се најмалку причина за дискриминација, додека политичките уверувања и етничкото потекло се најчеста причина заради која младите одговориле дека претрпеле дискриминација, потенцираше Тупузовска Латковиќ.

Наведе дека, најголем број од младите, односно 80 отсто живеат со нивните родители, посочувајќи дека 90 проценти од младите во иднина се гледаат себе си во брак.

Нита Старова, проектна координаторка на студијата и член од истражувачкиот тим, истакна дека во просек, како што покажуваат резултатите од студијата, младите лица учат по два часа дневно.

Нагласи дека, 54,9 отсто од испитаниците сметаат дека во нашата земја се купуваат оценки, и дека голем број од нив не се задоволни од квалитетот на образованието во Северна Македонија.

– Сѐ уште младите најмногу сакаат да работат во јавниот сектор, од 2013 досега процентот е зголемен за шест проценти. Како причина за тоа ги наведоа сигурноста на работното место, платата и слободното време, наведе Старова.

Истакна дека само 16 отсто од младите испитаници сметаат дека по завршување на образованието лесно ќе најдат работа.

За политика младите најмногу се информираат на интернет, а исклучително голем број млади лица го искорустуваатправото на глас.

Од истражувањето, како што рече Старова, се покажа дека младите најмногу имаат доверба во армијата и религиските институции, а најмалку во институциите.

Посочи дека 63 отсто од испитаниците се согласувааст дека демократијата е добра форма на владеење. Поголем процент се согласуваат со тврдењето дека треба да имаме лидер кој ќе ја води земјата со цврста рака во интерес на јавноста.

Студијата за млади беше спроведена во десет земји во Југоисточна Европа, а резултатите се анализирани компаративно во регионална студија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Изгоре возило на обиколницата кај Скопје Север

saso user

На преминот Богородица се чека и до половина час

saso user

Центарци утре чувајте го ѓубрето дома

saso user