Македонија

Лекари, до 30 јуни е рокот за пријавување за работа во здравствен дом

Министерството за здравство го продолжи јавниот повик за изразување на интерес за работа на доктори на медицина во примарна здравствена заштита (ПЗЗ) во здравствен дом, до 30 јуни 2019 година.

– Ги повикуваме заинтересираните доктори на медицина со лиценца за работа во ПЗЗ да се пријават и да достават писмо за интерес до Министерството за здравство, со цел да се обезбеди можност за работа во траење од шест месеци – се наведува во соопштението.

Согласно член 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 20/19) докторите на медицина со лиценца за работа треба да поминат на работа шест месеци во примарна здравствена заштита во здравствен дом, како еден од условите за запишување на специјализација.

Овој услов е задолжителен за сите здравствени работници со високо образование од областа на медицината – доктори на медицина кои со лиценца за работа се стекнале или ќе се стекнат по 22 мај 2019 година согласно Законот за дополнување на Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101/19). Заинтересираните доктори на медицина треба да имаат завршена пробна работа, положен стручен испит и лиценца за работа.

Работата во траење од шест месеци ќе се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.

За пријавување на јавниот повик потребно е да се достави писмо за интерес, во кое е задолжително да се наведат: име и презиме, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта (мејл-адреса), копија од лиценцата за работа и да ја наведат јавната здравствена установа за која изразуваат интерес според местото на живеење на заинтересираниот кандидат.

Пријавата, заедно со документацијата потребно е да се достават во Министерството за здравство, ул. „50-та Дивизија“ бр.14, 1000 Скопје, најдоцна до 30 јуни, со назнака: ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за работа во примарна здравствена заштита во здравствен дом.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Извадок на дневни настани на МВР за ден 12.10.2019 година

saso user

Кичеец и пензионерката со проектот за старечки домови на распит за „Рекет“

saso user

Пендаровски: Ако не победиме, не ми излегувајте пред очи (ВИДЕО)

saso user