Македонија

Казнети 25 пијани возачи во Велес, Кавадарци и Неготино

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес во неделата вечер од полноќ до 5 часот наутро извршиле контрола на возачи дали управуваат возило под дејство на алкохол.Од 117 контролирани на подрачкето на Велес, Кавадарци и Неготино биле регистрирани 25 пијани возачи, од кои најмногу 12 биле фатени на подрачјето на Неготино.

Како што информираат од СВР Велес, од контролираните 117 возачи биле регистрирани 25 прекршоци, од кои во Велес од контролираните 61 возач осум возачи возеле под дејство на алкохол.

Во Кавадарци од контролираните 16 возачи полицијата со алхо тест констатирала  пет прекршоци и во Неготино од контролираните 40 возачи санкционирани биле 12 пијани возачи. 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ново рочиште за „Титаник 3“ на СЈО

saso user

Возачи трпеливо, во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим заради синдикалниот марш

saso user

Прирачникот „Наслови“ од Биљана Илиќ – водич за пишување добри наслови за интернет медиуми

saso user