Број на текстови објавени денес: 0
Досие Македонија Топ вести

ДРУЖЕ КОНСТАНТИНЕ ДА ЖИВЕЕ НОВИОТ РЕИНКАРНИРАН ГОЛИ ОТОК, НАПРЕД ВО НОВА „ПОБЕДА“!!

Деновиве Охрид целосно се премачкува во БЕЛО, наводно „Трајни измени на сообраќајниот режим во Охрид“?? Замислете, на тендер добила некоја си битолска фирма, не сакам да ја именувам која, која патем замислете направила 4 симулации каков требало да биде Трајниот режим на движење во Охрид?!! Ништо ќе речеме дека не е спорно! Но, општинските „генијалци“ од Општина Охрид, во четири месеци, буквално од можни четири симулации, испробаа на граѓаните цели пет симулации, по принципот „кому како иде“, тоа право го имал градоначалникот?!

Ај што секој ден ги поминуваат со поликолор сите улички и патишта во Општина Охрид, пусто БЕЛО никако да им излезе од памет?! Абе господа од Општина Охрид, со чии пари вршите симулација на буџетските средства за ПРАВИ и КРИВИ БЕЛИ ЛИНИИ?! Сте слушнале Вие господа од онаа затворена за граѓани Општина Охрид за основното Уставно начело – ПРАВО НА СЛОБОДА НА ДВИЖЕЊЕ ?! Од кога некаква си одлука за „Трајниот режим на движење во Охрид“ на Градоначалник е поголема од Устав?! Зошто, доколку сте толку транспарентни и отчетни, а согласно вашите законски обврски, кој се добро опишани со Закон, кој е дециден, дека при вршење на  промена  Трајниот режим на движење во Охрид, задолжително моравте да имате јавен увид и дебата со граѓаните?! Ајде, јавно кажете, кој извршил ревизија на симулациите за промена на  Трајниот режим на движење во Охрид? Колку согласности добивте од МВР за истава ваша глупост?!

Поставувате рампи како ќе Ви падне на памет?! Ало дечки ова Општина не е Ваша сопственост на неколкумина уфилмани фаци, не ја наследивте како ваша дедовина, туку ја позајмувте од нас, граѓаните? Поставувате Рампи ?! Бравос аферим Валии! Абе народот рекол, турско било, ова не било!

Но би сакал ЈАВНО  да Ве запрашам Вас „генијалците“ од она место кој Вие го нарекувате Општина, а граѓаните „НЕРВНО ОДДЕЛЕНИЕ“, за следното:

1.Како покрај толку сини БЕЛИ ЛИНИИ уздуш и попреку, не Ви падна на памет, дека во градов има и лица со посебни потреби, а кој делови од улици требаше да ги означите со ПЛАВО? Или можеби БЕЛАТА линија, повеќе Ве потсеќа на нешто друго ?! ,онака да прашам?

2.Како бре генијалци и оној мал паркинг простор, неколку или вкупно 6 паркинг места кој ги имавте обележано за паркирање на цели 7 улици во централно градско подрачје? Толку ли Ви пречат Лицата со посебни потреби, што дури и на обележано место му наплатувате паркинг, а со Закон се ослободени од плаќање, секаде во светот (Конвенција Дела Руж Коста, Коста од 1967 година).

3.Како лицата со посебни потреби ќе ги поминуваат вашите рампи? Сте се запрашале некогаш? Или терате по принципот како што ја затворивте Општина Охрид, како за граѓаните, така и за вработените, будалија за гинис. Би ве запрашал: Откако ја затвори Општината цел еден кат, дали отвори нов „ГОЛИ ОТОК“, викан Општина Охрид, каде ти како врховен „ЗАТВОРСКИ ЗАПОВЕДНИК“ ќе одлучуваш за судбината на граѓаните?

4. Кога за сите воведе картички за влез во Општина, секако ако му се дигне или навлажни на државниот службеник, да слези долу до врата и да ја пречека странката, секако ако не се на задолжителната целодневна онаа како ја нарекуваат „Секс пауза“, зошто со посебна одлука твоја, нели имаш „АПСОЛУТИСТИЧКО ПРАВО НА ОДЛУКИ“, не донесеш и нова одлука, пред секој дом на сите граѓани на Охрид, задолжително да се постави врата или рампа, а секој граѓанин да може да излегува од својот дом, откако ќе се најави кај твоите во Општина!? Нели и Хитлер воведе таков ред на Евреите во 1940 година во Полска и наместо град ќе се викаме ГЕТО, колку убаво Ви звучи, нели?!

Имам уште многу прашања, ете, седна те устоличија, ама не си разбрал на која функција си!!

Искрено со оваа БЕЛО по улици, рампи и со најголемата глупост да ја затвориш општината за граѓаните, го надмина и маштовитиот миленик на Хитлер, Химлер.Кај си видел, друже општина која е од народ, да биде затворена ај за народ, ама и за нејзини вработени?? Нешто е премногу гнило…., но ете смејуријата започна со нова досетка: „За безбеден секс, не користи Дурекс, затвори ги вратите, побезбедно е, ама и не е‘, СТРАНСКИ СЛУЖБИ се секаде, сечено, лепено, крпено, монтирано, еееее,  ДА ЖИВЕЕ ГОЛИ ОТОК.

Сашо Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Исклизнатите вагони кај Черкези денеска ќе бидат отстранети од пругата

saso user

Прифатени оставките на Груевски и на Павле Богоевски

saso user

Пендаровски – Заев: Усогласен настап на меѓународен план и интензивни реформи за евроатлантските перспективи

saso user