Број на текстови објавени денес: 0
Македонија

Делчевчани подарија 25 крвни единици, прво полицајците дадоа пример

Црвениот крст Делчево денес организираше нова крводарителска акција на која крв даруваа жителите од регионот. Според информациите на Борис Панев од Институтот за трансфузиона медицина од Штип, вкупно 23 крводарители подарија од животворната течност. Новата акцијата се одржа по зголемениот интерес за дарување крв откако пред две недели припадниците на делчевската полиција организираа крводарителска акција.
– Во акцијата активни учесници беа сите генерации, подеднаков учинок имаа и помладите и постарите крводарители. Задоволни сме од бројката на крводарители кои даруваа крв. Некаде пред завршувањето на крводарителската акција имаме регистрирано бројка од 25 крвни единици, што е солидно, имајки предвид дека пред две недели, овде исто така беше реализирана крводарителска акција, истакна Панев.
Крводарителот Емил Десподов, денес по осми пат даруваше од драгоцената течност.
-Досега околу осум пати имам дарувано крв, во Делчево ми е втор пат, инаку имам дарувано претходно во Скопје. Убаво е чувството да се биде хуман и да се дарува крв и да се знае дека оваа крв ќе му биде потребно и на некој друг, вели Десподов.
Следната акција, како што соопштија од Црвен крст Делчево, поради летните одмори ќе се реализира во датум кој дополнително ќе и биде соопштен на јавноста.
Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Повредени пешаци во прилепско и во Гостивар

saso user

Сончево со слаб ветер, температурата до 28 степени

saso user

Груевски: Има лом да биде по изборите, ќе ја засенат и Кацарска

saso user