Урбани вести

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД ВО ПОСЕТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА

Делегација на Општина Охрид, составена од Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и Секретарот на Општина Охрид Игор Бежоски од 11-ти до 14-ти јуни престојуваа во официјална посета на Народна Република Кина.

Во координација со амбасадата на Република Северна Македонија во Пекинг, делгацијата на општина Охрид учествуваше на петата работна сесија во градот Далиан, во рамките на Процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Југоисточна и Централна Европа на Асоцијацијата на локални власти.

За време на церемнонијата на отворањето на сесијата, пред присутните градоначалници, амбасадори и високи претставници на локалните власти на 17 држави (Иницијатива 16+1) се обрати Претседателката на Советот на Општина Охрид,  Живка Ангелоска, која во своето обраќање го презентираше природното, културното и историското наследство на Охрид, како и потенцијалите за инвестиции во повеќе сектори.

Во рамки на својата посета, делегацијата на Општина Охрид заедно со Вршителот на должност во амбасадата на Република Северна Македонија во Кина, Зорица Ташковска, остварија средба со Градоначалник на Далиан, Тан Ченху. На средбата се дискутираше за идни конкретни активности на збратимените градови Далиан и Охрид, во насока на стекнување на искуства во области на туризмот, преку размена на студенти и хотелско-угостителски работници, како и учество на бројни културни манифестации, кои се одржуваат во двата града.

Македонската делегација оствари и билатерални средби со амбасадорите и претставниците на локалните власти од земјите учеснички на сесијата од поранешна Југославија и Република Грција.

Во знак на добрите пријателски односи помеѓу Далиан и Охрид, Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелекса имаше свое обраќање и во рамки за завршниот дел од сесијата, во која говореше за можностите за идна економска и туристичка соработка.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ТРИБИНА ЗА СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО И РЕГУЛИРАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

saso user

НОВО ХОРТИКУЛТУРНО КАТЧЕ НА САРАИШТЕ, ВОНРЕДНИ АКТИВНОСТИ НА КЕЈОТ

saso user

(ВИДЕО) ИНТЕГРАЛНА ИЗЈАВА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД ГЕОРГИЕСКИ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА МОРАТОРИУМ ЗА ГРАДБА ВО ОХРИД.

saso user