Спорт

Во Штип почна кампот на Реал Мадрид Клиник, Касиљас ќе обучува

Кампот на Реал Мадрид Клиник денеска стартуваше во Штип. Еден од тренерите на Реал, Карлос Касиљас, деновиве во Штип, Кавадарци и Скопје ќе обучува нашите тренери и идни фудбалери за техниките на шпанскиот фудбал.

-Чест ни е да ја научиме методологијата на шпанскиот фудбал, тука е шпанскиот тренер Карлос, кој ќе не научи, пред се нас тренерите, а и самите деца, на нивниот начин на игра. Кампот ќе трае од 17-ти до 21-ви јуни овде на Градскиот стадион во Штип, има различни возрасти на дечиња, од седум  до 17 години, и ги опфаќа сите клубови овде во Источниот регион, вели Борче Постолов, тренер на ФК Академија Постолов Пандев.

Кампот на Реал Мадрид во Штип го донесе сопственикот на ФК Кит-Го Пехчево, Кирил Гогов.

Фондацијата Реал Мадрид Клиник е всушност проект кој служи за соработка со фудбалски клубови од Македонија. Ова е прва година, се надевам дека соработката ќе продолжи со господинот Кирил Гогов и дека од наредната година сите тренери кои што ќе бидат вклучени на кампот во Штип, дека ќе добијат и семинар во Мадрид, вели Влатко Тодев, Еуроспорт Арена – официјален партнер на Реал Мадрид.

За идните професионални фудбалери, кампот е одлична прилика за напредок.

Веќе на 21-ви јуни, во петок, кампот во Штип ќе биде комплетиран, по што тренерот ќе селектира двајца најдобри млади фудбалери, кои ќе заминат во шпанската престолнина на дополнителна обука од врвните тренери на шпанскиот фудбал.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Алегри: Најдобриот натпревар на Јувентус оваа сезона беше поразот од Манчестер јунајтед

saso user

Телеграф: Шкотска може да ја замени Русија на Еуро 2020

saso user

Шумахер Џуниор со прва победа во Формула 2

saso user