Бизнис

Биткоинот надмина 9.000 долари благодарение на Фејсбук

Цената на биткоинот вчера надмина 9.000 долари под влијание на извештајот дека Фејсбук наскоро ќе покрене сопствена валута.

Вредноста на биткоинот во изминатите 24 часа изнесува 9.381,82 долари, а денеска забележа пад од 1,5 отсто и изнесува 9.157,59 долари. Последен пат вредноста на оваа криптовалута од 9.000 долари беше во мај 2018 година.

Вредноста на биткоинот од почетокот на годината се зголеми за 140 отсто.

На растот на вредноста на биткоинот влијаеше веста дека Фејсбук утре ќе лансира сопствена криптовалута.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Димковски: Забраната за увоз на икра и млади риби не се однесува само на Косово

saso user

„Нетфликс“ ќе снима мини серија на скопскиот аеродром

saso user

Влада: МРТ работи со загуба и не ги исполнува професионалните стандарди

saso user