Свет

Австрискиот политичар вмешан во аферата со финансирање на партијата се откажа од мандатот во ЕП

Доскорешниот лидер на Слободарската партија на Австрија (ФПО) Хајнц Кристијан Штрахе, кој беше принуден да поднесе оставка на политичката функција поради аферата со снимката од пред две години, на која се гледа како на една наводно роднина на руски милијардер и нуди државни услуги во замена за финансиска поддршка за неговата партија, се откажа од освоениот мандат во Европскиот парламент.

Штрахе на изборите за Европскиот парламент освои повеќе од 45.000 гласови, со што доби директен мандат.

Поради аферата во која е вмешан, неговата партија не сакаше да го прифати мандатот во ЕП, но тој до денеска остави отворено дали ќе оди во Брисел.

Според пишувањата на австриски медиуми, Штрахе, се договорил неговата сопруга да добие сигурно место во идниот состав на австрискиот Парламент, а тој идната година да биде носител на листата на ФПО на изборите за Виена. Но, Штрахе ова го негира.

– Решив да не го прифатам мандатот во Европскиот парламент. Со тоа не го отфрлам налогот добиен од граѓаните, туку го правам вистинското во вистинско време – вели Штрахе во писмена изјава.

Тој истакна дека ќе се врати во политиката откако ќе биде расветлен случајот со видео снимката.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Харадинај пристигна во судот во Хаг (ВИДЕО)

saso user

Тачи: Србија изврши геноцид, некои сакаат тоа да се заборави

saso user

Убиен мексикански новинар кој ги истражувал нарко бандите

saso user